20 март 2025
• од Гоце Кически
Амбасадорката Поповска, која изрази длабока благодарност за иницијативата за собирање средства на Манол Пеjков, ги сподели своите импресии од денешната посета на болницата во Пловдив. Според неа, медицинскиот тим не само што обезбедува бесплатен третман за настраданите, туку исто така овозможува и психолошка поддршка за пациентите и нивните семејства.
Поповска потврди дека бугарската држава ги покрива сите трошоци за лекувањето и престојот на семејствата на настраданите.
Пејков истакна дека веќе се собрани над 35.000 евра, сума која, според амбасадорката, ќе биде клучна за справување со неочекуваните трошоци кои ќе се појават во текот на долгото лекување.
По разговорот, Пејков добил уште еден повик од непознат број. Се работело за познаничка, Цвети, која го информирала за иницијатива на група од 32 лекари што нудат бесплатна психолошка поддршка во форма на три сеанси за секој настрадан и нивните родители.
Оваа приказна е уште еден доказ за важноста на хуманоста и солидарноста, потсетувајќи нѐ на зборовите на Давид Албахари: „Или сè е поврзано, или ништо не е.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

