16 март 2025
• од Вардарски
Ангел Џамбаски на социјалните мрежи изрази сочувство кон семејствата на жртвите од трагичен настан што ја потресе Македонија.
„Голема трагедија во Македонија, за жал. Сочувство до најблиските…“ – напиша Џамбаски на својот Фејсбук профил, изразувајќи тага и солидарност со погодените.
Ноќеска, околу 03:00 часот, во Диско клубот Пулс во Кочани избувна катастрофален пожар за време на концерт на групата ДНК, предизвикан, според претпоставките, од светлосните ефекти. Дискотеката била полна со млади посетители, што резултирашесо стравични сцени и драматична борба за спасување на повредените и преживеаните во раните утрински часови.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) изјави:
„Пожарот во Диско клубот Пулс во Кочани беше страшен настан. Спасувачките екипи се борат да помогнат, а бројот на жртви и натаму се утврдува, со шпекулации од 20 до 100 лица“, рече тој.
На местото на настанот пристигнаа противпожарни екипи од сите околни градови, заедно со возила и медицински екипи, кои се ангажирани во гаснење на пожарот и пружање на итна помош.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

