24 јануари 2025
• од Вардарски
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени“ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ кој е изработен од државен орган, може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ.
„Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со којшто ќе им објасниме на институциите како да ги прифаќаат документите, и второ, подготвуваме упатство за граѓаните како да си ги заштитат своите права, во случај да не можат, да знаат кој е начинот на којшто може да делуваат, дали на лице место или да го контактираат нашето министерство.“ изјави Андоновски
Министерот додаде дека оваа година ќе се направи напор и да се лиценцираат определен број на инспектори, и тие да бидат дел од сектор во рамки на министерството, а доколку има потреба ќе се формира и инспекторат.
„Ќе биде потребно подолго време, што значи во текот на 2025 година ќе направиме напор да што побрзо лиценцираме определен број на инспектори. И тие да функционираат како сектор во рамки на министерството, доколку се појави потреба да нивните обврски се зголемуваат, тогаш ќе размислуваме и за посебен инспекторат, но ќе ги имаат во рамки на Министерство за дигитална трансформација сите надлежности коишто им се утврдени со новата систематизација, којашто исто така стапи на сила на 1-ви јануари, и веќе започнуваме со обука на кадрите.“ заврши министерот Андоновски
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

