22 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Утрово, по повеќе од два часа обилни врнежи, конечно беше изгаснат пожарот кој повеќе од десет дена беснееше на подрачјето на ловиштето „Јасен“. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, дождот значително помогнал во совладувањето на огнената стихија, но на одредени делови од теренот сè уште има чадење и жаришта.
„По кревањето на маглата и чадот ќе продолжиме со пешадиски интервенции на жешките точки кои покажуваат знаци на горење. Целиот терен дополнително ќе биде проверен и со дронови со термални камери“, изјави Ангелов.
Екипи на ЈП „Јасен“ ќе продолжат со постојано патролирање сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.
Дожд заврна претежно во северните и северозападните делови од земјата, додека во источните, југоисточните, централните и југозападните области засега немаше врнежи.
Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска се очекува засилен ветер со брзина до 60 километри на час. Овој фактор, како што предупредуваат надлежните, може значително да го зголеми ризикот од појава и брзо ширење на нови пожари.
Ангелов упати апел до граѓаните да бидат крајно внимателни и да не предизвикуваат пожари. Тој нагласи дека секое сомнително однесување мора веднаш да се пријави, а дополнително потсети и на обврската случаите со оштетени или искрени електрични жици да се пријавуваат во ЕВН или на бројот 112.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден