29 април 2025
• од Вардарски
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на Фејсбук побара од Собранието да им овозможи на семејствата на загинатите деца од трагедијата во Кочани да присуствуваат на пленарната седница каде што ќе се расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„-Зошто денес да не ги пуштиме мајките на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Тошковски, (кој го посочуваат за селективна истрага)? Согласно Деловникот на Собранието, граѓанин може непосредно да ја следи пленарната седница од Галеријата“, напиша Апасиев.
Интерпелацијата против Тошковски е поднесена токму од пратеничката група на Левица и денес се најде на дневниот ред на седницата во Собранието. Во исто време, семејствата на загинатите организираат протест во Скопје кој ќе започне пред Основното јавно обвинителство, барајќи одговорност и темелна истрага за трагедијата која им ги одзеде животите на нивните најблиски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

