27 септември 2025
• од Вардарски
Правниот тим на партијата Левица поднесе предлог за изрекување на привремена мерка против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Државната изборна комисија (ДИК).
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во својата јавна објава посочи дека одлуката сега е во рацете на домашните судски инстанци кои треба да ја спречат, како што вели, политичката дискриминација кон неговата партија.
„Нашиот правен тим поднесе Предлог за изрекување привремена мерка до Основниот граѓански суд – Скопје против АВМУ и ДИК. На потег се домашните судови да ја спречат политичката дискриминација која ѝ се врши на Левица,“ истакна Апасиев.
Тој предупреди дека доколку македонските надлежни органи не реагираат и, како што нагласи, останат „слепи и глуви“ на овој скандал, битката ќе продолжи пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Доколку институциите не преземат мерки, продолжуваме и до Европскиот суд за човекови права – Стразбур,“ додаде лидерот на Левица.
Со оваа иницијатива, Левица најавува дека нема да дозволи, според нив, нарушување на демократските принципи и ќе ги искористи сите правни механизми – домашни и меѓународни.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

