24 април 2025
• од Вардарски
Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, реагираше на социјалните мрежи по вчерашната акција на Министерството за внатрешни работи (МВР), при која беа приведени или повикани на разговор речиси педесет лица.
Во неговата објава на Фејсбук, Апасиев саркастично напиша: „Панче апси конкуренција на татко му“, алудирајќи на актуелната акција поврзана со измами при добивање инвалидски пензии.
Според информациите од МВР, лицата биле инволвирани во нелегални активности поврзани со „средување“ инвалидски пензии за пари во кеш. Операцијата е дел од поширокиот напор на институциите да се стави крај на коруптивните практики во системот на социјална заштита.
Изјавата на Апасиев дојде како коментар на јавниот гнев и недоверба во институциите, особено во контекст на чести обвинувања за селективна правда и политички мотивирани акции.
Од МВР засега нема реакција на коментарот на лидерот на Левица.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

