13 мај 2025
• од Вардарски
Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, упатува сериозен апел до граѓаните и компаниите за зголемено внимание поради зачестените фишинг напади кои се шират преку електронска пошта. Според последните информации, се злоупотребуваат имињата на повеќе македонски компании во обиди за прибавување на лични и чувствителни податоци од граѓаните.
Во овие е-пораки се тврди дека примателот сторил повреда на авторски права, при што се вклучени линкови до наводна документација. Но всушност, станува збор за фишинг линкови кои водат до лажни веб-страници, дизајнирани за да украдат лични податоци, лозинки, информации за платежни картички или други доверливи информации.
МВР нагласува дека:
Фишинг обидите не се ограничени само на електронска пошта – тие може да дојдат и преку социјални мрежи, СМС пораки или телефонски повици.
Министерството за внатрешни работи апелира на зголемена претпазливост и информираност со цел да се спречат можните злоупотреби и последици што можат да произлезат од споделување на лични податоци со непознати или сомнителни лица. Особено е важно да не се разменуваат лични информации со лица чиишто идентитет не може да се потврди.
Секторот за компјутерски криминал продолжува со активности и постапки за откривање и санкционирање на ваквите интернет измами.
Бидете внимателни – вашите податоци се ваша одговорност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

