23 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Битола се одржа централната манифестација по повод 117-годишнината од Битолскиот конгрес и утврдувањето на унифицираниот албански алфабет. Домаќин на свеченоста беше заменик-премиерот на Владата на Северна Македонија, Арбен Фетаи, кој во својот говор ја нагласи историската и современата важност на албанскиот јазик за националниот идентитет.
Церемонијата се одржа во симболичниот објект каде што во 1908 година албанските делегати го усвоија заедничкиот алфабет – настан кој претставува еден од темелните столбови на модерниот албански идентитет.
На манифестацијата присуствуваа и косовскиот премиер Албин Курти, како и претставници од институциите на сите албански простори. Според Фетаи, нивното присуство е доказ дека албанскиот јазик останува најсилниот елемент на заедничката национална свест.
„Јазикот не е само средство за комуникација – тој е наш историски и европски ориентир“, истакна Фетаи, додавајќи дека токму јазикот ја одржува поврзаноста меѓу Албанците низ генерациите.
Заменик-премиерот посочи дека задачата на денешните институции е да го продолжат и зајакнат наследството на Битолскиот конгрес преку квалитетно образование, жива култура и силна институционална одговорност.
„Ова е најдобриот начин да се оддаде почит на визијата на делегатите од 1908 година и да се продолжи нивниот аманет“, порача Фетаи на крајот од своето обраќање.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

