20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Портпаролот на Националната алијанса за интеграција, Арбер Адеми, на денешната прес-конференција изрази сериозни загрижености за интегритетот на изборниот процес, обвинувајќи ја власта за злоупотреба на државните институции, особено на полицијата, со цел да се влијае врз гласачите.
„И ние имаме забележано одредени злоупотреби на институциите, а особено евидентна е злоупотребата на полицијата за да се промени волјата на граѓаните. Но, таа цел нема да се постигне. Волјата на граѓаните нема да се промени,“ изјави Адеми пред новинарите, пренесува TS.
Коментирајќи ги случувањата во текот на изборниот ден, Адеми посочи дека иако се забележани пропусти и неправилности, одговорноста целосно паѓа врз актуелната власт, која, според него, не успеала да обезбеди фер и демократски изборен процес.
„Имаше одредени пропусти, но едно е сигурно: сите се согласуваме дека товарот на одговорноста за организацијата на изборите паѓа на власта. Сите овие неправилности ќе ги адресираме институционално, со целосна одговорност,“ додаде Адеми.
Адеми упати апел за будност и заштита на интегритетот на гласот до завршувањето на процесот на броење на гласовите, нагласувајќи дека граѓаните веќе јасно ја искажале својата волја, која мора да биде почитувана.
„Граѓаните зборуваа јасно и нивниот избор треба да се почитува,“ порача Адеми, завршувајќи со повик за демократска одговорност и транспарентност во финалната фаза на изборниот процес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден