14 април 2025
• од Вардарски
Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрајанов, и амбасадорката на Република Северна Македонија во Софија, Агнеса Руси Поповска, денеска разговараа за унапредување на билатералната соработка во областа на одбраната.
Како што соопшти бугарското Министерство за одбрана, средбата се одвивала во пријателска и конструктивна атмосфера, со фокус на зајакнување на соработката во одбранбената инфраструктура, како и истражување на нови можности во областа на военото образование и воената медицина. Двете страни изразиле заедничка подготвеност за понатамошно продлабочување на партнерството, нагласувајќи го големиот потенцијал за развој.
Во разговорите било нагласено и значењето на блиската соработка во контекст на современите безбедносни предизвици – и на регионално и на глобално ниво. Била истакната и заедничката обврска на земјите-членки на НАТО за зголемување на инвестициите во одбраната и јакнење на колективната безбедност.
Амбасадорката Поповска изразила искрена благодарност до бугарските власти за поддршката по трагичниот настан во Кочани во март, кога животот го загубија 61 лице, а 197 беа повредени. Таа посебно ја нагласила помошта од страна на Военомедицинската академија и припадниците на Военото воздухопловство на Бугарија, кои активно учествуваа во лекувањето на повредените.
Истрагата за трагедијата во Кочани е во тек, а обвинителството покрена постапка против 45 физички и три правни лица во врска со пожарот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

