22 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје се соочува со нови потешкотии во снабдувањето со гориво, откако компанијата „Пуцко петрол“ ја прекина испораката на нафта, иако договорот за набавка сè уште е активен.
Од претпријатието предупредуваат дека ваквата ситуација може директно да влијае врз редовното одвивање на автобускиот сообраќај во главниот град. Доколку навремено не се надмине проблемот, постои ризик дел од автобусите на ЈСП да останат без гориво, што би предизвикало сериозни прекини во јавниот транспорт.
Граѓаните, кои секојдневно зависат од услугите на ЈСП, со загриженост ја следат ситуацијата, бидејќи евентуалното намалување на бројот на автобуси или нивно целосно запирање би создало дополнителни проблеми во сообраќајот во Скопје.
Сè уште нема официјални информации за причините поради кои „Пуцко петрол“ ја прекинал доставата, ниту пак дали во најскоро време може да се очекува решение што ќе обезбеди нормално функционирање на јавниот превоз.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

