28 април 2025
• од Вардарски
Утринава во скопската населба Аеродром се случи сообраќајна незгода на крстосницата меѓу булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“, при што едно возило се преврте.
Според првичните информации, причините за несреќата сè уште не се познати. Засега нема информации дали има повредени лица во инцидентот. Повеќе детали за случајот се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.
Инаку, ова е втора слична незгода на истата локација во краток временски период. Пред две недели, исто така, во близина на ова место, се случи сообраќајка во која автомобил заврши на покривот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

