20 март 2025
• од Гоце Кически
Бугарскиот Црвен Крст соопшти дека благодарение на огромниот бран солидарност и поддршка од граѓаните на Бугариjа, настраданите во трагичниот настан во Кочани моментално имаат обезбедени доволни количини крв и крвни продукти.
Според соопштението, моменталните резерви на крв се на оптимално ниво, а капацитетите за обработка и складирање привремено се целосно исполнети. БЧК информира дека лекувањето на повредените млади ќе биде долготрајно и динамично, што значи дека потребата од крв може повторно да се јави во секоја фаза од нивното лекување. Националниот центар за трансфузиона хематологија ќе продолжи редовно да ја следи ситуацијата и да информира за евентуалните нови потреби од крв.
БЧК исто така потврди дека доколку се појави нова потреба, веднаш ќе организира акција за дарување крв.
„Искрено им благодариме на сите кои одговорија на повикот и даруваа крв! Вашата хумана помош е непроценлива и уште еднаш ја докажува силата на човечката солидарност и заедништво,“ се вели во изјавата на БЧК.
Организацијата изрази благодарност до Министерството за здравство на Бугарија, Националниот центар за трансфузиона хематологија, Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“, регионалните центри за трансфузиона хематологија и Военомедицинската академија.
„Уште еднаш – голема благодарност до сите кои веќе се вклучија во акцијата за дарување крв!“ додаваат од БЧК.
Настанот во Кочани ги обедини граѓаните од регионот и го истакна значењето на солидарноста и хуманоста во тешките моменти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

