30 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Со јасни пораки и цврст став, кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Бајрам Реџепи, на отворањето на штабот на Младинската организација на Алијансата за интеграција (АКИ) во Тетово, го нагласи значењето на коренита промена во политичкото претставување на Албанците во Северна Македонија.
„Оваа алијанса се роди за еднаш засекогаш да го сопре понижувањето и потценувањето на Албанците. Време е да зборуваме гласно, со достоинство и со одговорност. АКИ е одговорот на една политика што со години ги игнорираше нашите интереси,“ изјави Реџепи пред присутните.
Во своето обраќање, Реџепи остро ја критикуваше досегашната улога на албанските претставници во владата, посочувајќи дека тие не успеале достојно да ги заштитат интересите на граѓаните.
Тој вети дека АКИ ќе донесе нова политичка енергија и ќе понуди претставување кое ќе биде чесно, без сервилност и без компромис кога станува збор за националното достоинство.
Со оваа иницијатива, Реџепи најави политичка борба која, според него, треба да ја врати довербата кај граѓаните и да обезбеди нов модел на претставување – оној што ја става заедницата во прв план.
„Времето на молк и компромиси заврши. Сега е моментот да изградиме иднина со достоинство,“ порача Реџепи.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

