13 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Со извици „УЧК, УЧК, УЧК“, Берат Хајдари, ветеран од војната, го започна своето обраќање пред присутните на протестот, испраќајќи силна порака за правда и единство.
Откако ги поздрави собраните граѓани, Хајдари истакна дека зборува не само како член на организацискиот совет на протестот, туку и како воен инвалид, кој и денес ги носи раните од борбата за слобода.
„Нашите рани не се само на телото, тие се жива меморија на деновите кога слободата не беше збор, туку битка. Денес, кога ја гледам оваа поддршка, срцето ми чука исто како тогаш“, изјави Хајдари.
Тој нагласи дека собирот е организиран околу кауза која боли, но која истовремено ги обединува сите – барањето правда за поранешните команданти на ОВК кои, според него, неправедно се судат во Хаг.
„Ние не сме тука за да ја негираме правдата, туку за да ја побараме. Сакаме да ја потсетиме меѓународната заедница дека законот мора да биде еднаков за сите, дека историјата не смее да се извртува и дека нашата праведна борба не смее да се оцрнува. Бараме судење кое ќе биде чесно и правично, а не засновано на српско-руски лаги“, порача Хајдари.
Неговото обраќање беше проследено со аплауз и поддршка од присутните, кои уште еднаш ја истакнаа својата солидарност со поранешните припадници на ОВК и нивното барање за правда и достоинствен третман.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

