21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија остануваат клучни за напредокот на земјата кон Европската унија – ова е главната порака што германскиот државен секретар за надворешни работи, Јохан Вадефул, ја пренесе по средбите во Скопје.
Вадефул вчера се сретна со премиерот Тимчо Муцунски и со министерот за надворешни работи, при што, според агенцијата БГНЕС, зад затворени врати биле соопштени јасни позиции од Берлин.
Во својата објава на Instagram, Вадефул истакна дека Северна Македонија има постигнато многу на патот кон европската интеграција и дека Германија продолжува силно да ја поддржува, иако процесот не е секогаш лесен.
Сепак, тој нагласи дека напредокот во односите со Бугарија е од „особено значење“ за успешно продолжување на преговорите со ЕУ. Според него, токму решавањето на отворените прашања меѓу Скопје и Софија ќе биде еден од главните предуслови за следните чекори во пристапниот процес.
Интересно е што германскиот претставник не одржа прес-конференција, а јавното соопштување на ставовите на Берлин беше ограничено на неговата кратка порака на социјалните мрежи. Официјалните дипломатски сигнали до македонските власти, според истите извори, биле пренесени исклучиво во приватен формат.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

