08 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Денес, на 8 септември, Македонија одбележува 34 години од историскиот референдум во 1991 година, кога граѓаните со огромно мнозинство гласаа за независна и суверена држава. Овој датум е темел на нашата современа државност, а првиот сосед кој јавно и недвосмислено застана зад тој избор беше Република Бугарија.
На 15 јануари 1992 година, Софија стана првата која ја призна независноста на Македонија. Тоа беше храбар дипломатски потег, во време кога Балканот беше потресен од крвави конфликти и распад на Југославија. Бугарија со тоа ја отвори вратата за понатамошни признавања и даде легитимитет на младата држава во меѓународните односи.
Формулациите во признанието кои се однесуваа на технички прашања за нација и јазик никогаш не биле препрека за градењето на добрососедските односи. Напротив, самото признавање беше практичниот чин што ја потврди политичката реалност: Македонија е независна и има право да биде дел од европското семејство.
Токму овој гест на Софија беше темелот врз кој се гради и современата надворешна политика на земјата. Македонија ја избра европската иднина, а Бугарија прва ѝ подаде рака во тој правец.
Денес, кога повторно се дискутира за односите меѓу двете држави во контекст на европската интеграција, треба да се потсетиме дека токму Бугарија беше првата која ја препозна независноста на Македонија и го постави темелот на нејзината меѓународна афирмација.
8 Септември не е само ден на независноста – тоа е и потсетник на важноста од храбрите дипломатски одлуки и од поддршката на соседите, меѓу кои Бугарија има особено место.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден