06 февруари 2025
• од Вардарски
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром, соопшти РЦУК – Скопје.
Во периодот од 10:30 до 14:30 часот без струја ќе останат корисниците од селото Горно Нерези во Општина Карпош.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Чаирска“ од бр. 40 до 90 и „Цветан Димов“ од бр. 4 до бр. 20 во Општина Чаир.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците дел од потрошувачите околу манастирот Св.Илија – Чардак и Етновила Весница во Општина Чучер Сандево.
Во периодот од 07:30 до 16:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од „ПВ Метало Солар“, фабриката „ИЦЕМАК“, улицата „1“ над маркет Давидов до кружен тек во Општина Аеродром.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

