29 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Општина Тетово и лидер на БЕСА, Билал Касами, преку објава на социјалните мрежи упати искрени честитки до својот пријател Албин Курти за убедливата победа на Движењето ВЕТËВЕНДОСЈЕ! на парламентарните избори во Косово.
Касами ја оцени победата како исклучителна и истакна дека таа е резултат на високата граѓанска свест и одличната организација на изборниот процес. Тој упати честитки и до народот и институциите на Косово за, како што наведе, примерното спроведување на демократските избори.
Во својата објава, Касами изрази надеж дека процесот на формирање на новите институции ќе се одвива брзо и успешно, целосно одразувајќи ја волјата на граѓаните изразена на изборите. Тој нагласи дека со нетрпение очекува продолжување и продлабочување на меѓудржавната соработка со новата косовска влада, позната како „Курти 3“.
„Му честитам од срце на мојот пријател Албин Курти за резултатот, како и на народот и институциите на Косово за високата граѓанска свест и совршената организација на изборите“, напиша Касами во својот статус на Фејсбук, додавајќи дека демократскиот капацитет на Косово уште еднаш е потврден.
Вселенскиот Патријарх ја пофали Бугарија за еврото со ликот на Свети Иван Рилски
Бујар Османи: Албанците се понижувани и заплашувани во државна институција
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

