07 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 ја истакна неопходноста од зголемување на минималната плата во државата.
„Да, минималната плата мора да се зголеми. И бизнис-секторот нагласува дека е сериозно потребно покачување, за да можеме да ги задржиме работниците во земјата и да обезбедиме стабилност за луѓето кои се клучни за компаниите. Владата треба да интервенира преку различни модели, кои се познати и применувани низ целиот свет, бидејќи не може да се заштити само една страна – бизнисот. И работниците мора да бидат заштитени“, рече Битиќи.
Тој додаде дека неговата визија е секој работник да добива достоинствена плата. Како пример за успешни политики, Битиќи го посочи зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 23.000 денари во изминатите години.
„Верувам дека секој работник заслужува достојна плата“, истакна тој.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

