Благодарение на бугарските лекари, Пловдив стана симбол на солидарност: Нашите пациенти се враќаат дома со насмевка!
По трагичниот инцидент во Кочани, Бугарија веднаш покажа што значи вистинско пријателство и солидарност. Таа беше првата земја што ја подаде раката за помош, згрижувајќи 15 македонски пациенти во најдобрите болници во Софија, Пловдив и Варна.
Министерот за здравство на Бугарија, доц. д-р Силви Кирилов, лично ги посети нашите сограѓани сместени во Универзитетската болница „Свети Георги“ во Пловдив, каде што изрази голема почит кон храброста на пациентите и благодарност кон медицинските екипи.
„Најскапоцената помош е онаа која доаѓа навреме и од срце. Благодарение на стручноста и пожртвуваноста на нашите лекари, денес гледаме две неверојатни приказни за опоравување и надеж“, истакна министерот Кирилов.
Со неделна посветеност, вклучувајќи сложени операции, рехабилитација и психолошка поддршка, македонските пациенти наскоро ќе бидат пуштени дома со нова сила и благодарност во срцата.
И додека четири лица сè уште се под медицински надзор во Софија и Варна, поголемиот дел од повредените веќе се успешно излекувани.
Бугарија уште еднаш докажа дека кога е најпотребно – хуманоста, грижата и пријателството не познаваат граници.
Од сѐ срце благодарам на бугарските медицинари за нивната безрезервна поддршка и пожртвуваност!