15 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Граѓаните кои планираат да извадат изводи или други документи од Управата за водење на матични книги треба да се подготват за застој во работата на оваа институција. Вработените, поддржани од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), најавуваат еднодневен прекин на работата во вторник, 16 декември 2025 година, поради неисполнети работнички права.
Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), во соработка со вработените, ќе одржи прес-конференција утре, понеделник, 15 декември 2025 година, на која ќе ги обелоденат деталите за нивниот револт. Прес-конференцијата ќе започне во 11:00 часот и ќе се одржи пред просториите на Матични книги, кај Уставниот суд (поранешна Комерцијална банка).
Протест и штрајк
Протестот ќе се одржи утре, а на 16 декември 2025 (вторник), вработените ќе ја прекинат целосно работата како форма на штрајк. Причина за овој радикален чекор е непочитувањето на Колективниот договор, како и игнорирањето на нивните работнички права од страна на раководството на институцијата.
Од синдикатот најавуваат дека на утрешната прес-конференција ќе бидат соопштени конкретните барања и деталите за тоа дали штрајкот ќе продолжи по 16 декември. Истовремено, тие ќе побараат и одговорност од Владата и раководството за непочитување на договорените права.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

