21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
До пред само неколку месеци некогаш блиските соработници, шоуменот и поранешен ТВ-водител Бојан Јовановски – познат како Боки 13, и инфлуенсерот Стефан Лазаров, влегоа во жесток јавен конфликт.
Повод за расправијата бил коментар на Лазаров, кој во објава тврдеше дека профил на социјалните мрежи кој многу наликувал на оној на Боки 13 е поврзан со кражби. Оваа изјава предизвика бурна реакција кај Јовановски.
Боки 13 возврати со јавно обраќање до Лазаров, нарекувајќи го „медиокритет“. Тој отиде чекор подалеку, упатувајќи и закана: доколку Лазаров продолжи јавно да зборува за него, ќе мора да ја напушти Македонија.
Со ова, конфликтот меѓу двајцата доби уште посериозна димензија, прераснувајќи од меѓусебни навреди во закани и јавни пресметки.
Случајот привлече значително внимание на социјалните мрежи, каде што дел од јавноста ја осуди реториката на Боки 13, додека други сметаат дека расправијата е дел од медиумска стратегија за привлекување внимание.
Се поставува и прашањето дали вакви јавни закани би можеле да резултираат со правни последици.
Видео од јавната закана беше објавено на социјалната мрежа X, а може да се погледне на следниот линк:
👉 ВИДЕО
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден