11 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Поранешниот министер за надворешни работи и актуелен кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, изрази загриженост за, како што вели, сè поопипливото присуство на таканаречениот „Српски свет“ во земјава. Во објава на „Фејсбук“, , Османи истакна дека по влезот на Српски Телеком, српскиот капитал сега се насочува и кон банкарскиот сектор.
Според него, во завршна фаза на одобрување од Народната банка е процесот со кој „Алта банка“ планира да го преземе контролниот пакет акции на Стопанска банка АД Битола. Османи посочи дека сопственик на „Алта банка“ е контроверзниот бизнисмен Давор Маќура, за кого тврди дека е тесно поврзан со Милан Радоичиќ – лицето обвинето за организирање на терористичкиот напад во Бањска, Косово.
„Тивко, ‘Српскиот свет’ станува синоним за оваа влада“, напиша Османи, алудирајќи на ризикот од засилено српско политичко и економско влијание во државата.
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово
Независните ќе можат да учествуваат на локалните избори без собирање потписи
Левица: Суспендираниот началник од Демир Хисар незаконски лишувал од слобода
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден
ДУИ бара политичка одговорност по фашистички повици на натпревар во Куманово