Бугарската амбасада со големо срце: Финансиска поддршка за лицата со попреченост во Штип
Амбасадата на Бугарија во Скопје уште еднаш ја потврди својата посветеност за поддршка на важни општествени иницијативи во Северна Македонија. Со финансиска поддршка за проектот „Заедно за инклузивна заедница“ на здружението „Хендикеп Плус“ – група за поддршка на лица со попреченост, амбасадата придонесува кон подобрување на животот на лицата со попреченост во општина Штип.
На 30 април 2025 година беше потпишан договор за финансирање на овој вреден проект, кој има за цел да ја зголеми социјалната интеграција на лицата со попреченост преку изработка на документи на Брајова азбука и во аудио формат, подигање на јавната свест за потребата од пристапна средина и организирање обуки и дискусии за нивните права.
Овој проект се реализира благодарение на средствата од бугарската официјална Помош за развој, а успешното аплицирање и одобрување на проектот е доказ за довербата и соработката меѓу институциите.
Поддршката од бугарската амбасада е пример за вистинска солидарност и градење мостови меѓу нашите две земји. Таквите иницијативи се инспирација за општествен напредок и претставуваат светол пример за меѓународна соработка во полза на најранливите категории граѓани.