06 мај 2025
• од Вардарски
Гугарската пратеничка Елисавета Белобрадова лично присуствуваше на свеченостите во Република С. Македонија. Таа го посети бугарското воено гробиште во Ново Село, каде беше отслужена панихида во чест на загинатите бугарски војници и офицери, заеднички од бугарски и северномакедонски свештеници. Овој чин, како што истакна Белобрадова, има големо значење за двете земји и за зачувувањето на заедничката историја.
„Денес треба да се сетиме не само на најголемите наши херои, како што пред два дена се сетивме на Гоце Делчев во село Баница, туку на секој Бугарин кој, кога било потребно, се кренал, зел оружје и се борел за слободата,“ рече таа. Белобрадова нагласи дека треба да се почитуваат сите – и загинатите, и преживеаните – затоа што нивната жртва е темел на слободата и иднината.
Како претставничка на Комисијата за образование и наука, таа со посебно внимание им се обрати на младите присутни на настанот: „Секој од вас е херој, само што сè уште не ви се наложило да го дознаете тоа. Храброста не значи да не те е страв – напротив, да си храбар значи да те е страв, но сепак да ја браниш праведната кауза, татковината, да ги браниш слабите и оние што имаат потреба од тебе.“
Белобрадова посочи дека е особено важно што чествувањето се одржа во Северна Македонија, земја со која, како што рече, Бугарија дели многу заеднички спомени. Таа со умиление се потсети на 2018 година кога македонска рота учествуваше на воениот парад во Софија и изрази надеж дека наскоро двете земји повторно ќе чествуваат заедно како вистински пријатели и партнери на европскиот пат.
„Честит празник, драги Бугари! Ви посакувам храброст!“ порача Белобрадова на крајот на своето обраќање.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

