06 февруари 2025
• од Вардарски
Во неодамнешно интервју за бугарскиот медиум „Л’Европео“, поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, се осврна на историските односи меѓу Бугарија и Македонија, како и на актуелните прашања поврзани со македонскиот идентитет и историја.
Стојанов се потсети на еден настан од неговото време како претседател, кога македонски новинар му поставил провокативно прашање: „Како вие, кои не ја признавате Македонија, можете да бидете членка на Европската унија?“ На тоа, Стојанов одговорил со зборови кои, според него, ја требе да дефинираат основата на бугарската надворешна политика и денес:
„Реков, ние, се разбира, ја признаваме независноста на Македонија. Први ја признавме. Се разбира дека за нас е многу важно Македонија да се развива брзо и успешно. Се разбира дека вие можете да имате каков сакате идентитет и никој не може да ви наметне друг. Но, кога станува збор за историјата, треба да признаеме дека ‘историјата на Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја’.“
Со овие зборови, Стојанов ја истакна сложеноста на историските и културни врски меѓу двете држави, истовремено повикувајќи на заемно разбирање и почитување.
Во интервјуто, Стојанов потенцираше дека секоја нација има право да го избере својот идентитет, но исто така укажа на важноста на историската вистина како темел за дијалог.
„Никој нема право да наметне идентитет. Но, историјата е нешто што нè поврзува и што треба да биде предмет на заедничко разбирање, а не причина за поделба“, изјави тој.
Бугарија беше првата земја што ја призна независноста на Македонија во 1991 година, но односите меѓу двете земји често се оптоварени со спорови околу историјата и идентитетот. Изјавата на Стојанов доаѓа во време на продолжени напори за затоплување на односите, особено во контекст на евроинтеграциите на Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

