04 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот портал „буревестник.бг“ тврди дека иако јавно често истапува со изјави кои се толкуваат како антибугарски, премиерот на Република Северна Македонија, Христјан Мицкоски, преку блиски семејни врски и компании во соседна Бугарија, индиректно обезбедува финансии за себе и за неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Според објавеното, редакцијата располага со официјални документи што го потврдуваат бизнисот на најблиските луѓе до Мицкоски во Бугарија.
Главна фигура во мрежата е баджанакот на премиерот, Јорданчо Јанев, кој поседува и бугарско државјанство. Тој е сопственик на транспортната компанија „Дано транс“ ЕООД, основана во 2011 година во село Кулата, Петрич. Компанијата пријавува годишни приходи меѓу 2 и 3 милиони лева, што ја прави мошне профитабилна.
Јанев, заедно со својот братучед Дончо Карастоев, поседува и други фирми во Бугарија и Македонија, преку кои – според „Буревестник“ – редовно се обезбедуваат средства за финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за изборни кампањи, вклучително и на претседателската кандидатка Гордана Силяновска-Давкова.
Освен „Дано транс“, Јанев има удел и во други компании, како „ДДМ транс“, додека пак Карастоев е управител на „Инфинити транспорт груп“. Дополнително, двајцата се јавуваат како сопственици и на фирмата „Шалом деливери“ во Струмица, која се занимава со трговија и угостителство.
Бугарскиот портал посочува дека токму преку овие компании и мрежи се обезбедуваат значителни парични средства, кои потоа се користат за политичките активности на Мицкоски и неговата партија. Ова, како што се нагласува, претставува парадокс – со оглед дека парите стекнати во Бугарија се користат за водење политика која често се претставува како антибугарска.
Извор: буревестник.бг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

