08 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Северна Македонија се соочува со сериозен пад на странските инвестиции во првата половина од 2025 година. Според најнови податоци на Народната банка, кои ги пренесува бугарскиот портал money.bg, нивото на инвестиции достигнало само 221,26 милиони евра, што претставува намалување за повеќе од половина во споредба со 573,6 милиони евра во истиот период од 2024 година.
Во второто тримесечје од оваа година приливот на странски инвестиции паднал на 79,88 милиони евра, наспроти 246,4 милиони евра во истиот период минатата година.
Податоците покажуваат дека има нето-приливи од реинвестирана добивка и сопствен капитал, но меѓуфирменото кредитирање резултирало со нето-одлив на средства.
За споредба, во 2024 година Северна Македонија имаше значително подобра слика – со странски инвестиции во висина од 1,255 милијарди евра, што беше повеќе од двојно во однос на 2023 година, кога нивото изнесуваше 616,7 милиони евра. Годинава, сепак, недостига интерес од големите меѓународни инвеститори, што е особено видливо.
И додека западните компании го намалуваат интересот, Кина го засилува своето економско присуство во Северна Македонија и пошироко на Западен Балкан. Пекинг ги гледа шесте држави од регионот – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија – како пазари со голем потенцијал за развој.
Европската комисија проценува дека регионот има годишна потреба од околу 7,7 милијарди евра инвестиции, што би донело раст на БДП за 1% и можност за отворање до 200.000 нови работни места.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден