05 февруари 2025
• од Вардарски
Дипломати од Бугарската амбасада во Македонија, Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и претставници на бугарската заедница во земјава ја прославија 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и положија венци и цвеќиња на неговиот гроб во црквата Свети Спас.
Се собравме да одбележиме особено значаен датум во историјата и на Бугарија и на С.Македонија. Во малку чудни услови, поделени и со тензија, му оддаваме почит на човекот чие име, Георги Николов Делчев, ни сите не го знаат, користејќи го прекарот Гоце. Во оваа ситуација, вреди да се потсетиме на зборовите на Гоце Делчев од неговото писмо до Никола Малешевски од 1899 година, дека овие поделби и овие расцепи не треба да нè плашат. „Жално е, но што да правиме, бидејќи сите сме Бугари и страдаме од истата болест. За 20-30 години нашите внуци ќе ѝ се смеат на оваа генерација дека работите што требаше да нè обединат, всушност нѐ разделија. Верувам дека ќе живеат во свет на поголема доверба и повеќе разбирање“, рекол бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков за наводната содржина на писмото на Делчев.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

