МАКЕДОНИЈА

Бугарскиот европратеник Ковачев: ЕП ќе ги избришат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“

03 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Трите најголеми политички групации во Европскиот парламент — Европската народна партија (ЕНП), Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите (С&Д) и Обнова (либералите) — постигнале договор да ги отстранат сите референци за „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија. Овој извештај треба да се најде на дневен ред за гласање на пленарната седница на Европскиот парламент на 8 јули.

Информацијата ја потврди бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој преку својот профил на Фејсбук објасни дека оваа иницијатива дошла на барање на групата на ЕНП.

„На барање на групата на Европската народна партија, трите најголеми партии во Европскиот парламент се согласија да ги отстранат сите референци за ‘македонски идентитет’ и ‘македонски јазик’ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија. Очекувам дека овој амандман ќе биде поддржан од мнозинството во ЕП следната недела на пленарна седница“, напиша Ковачев.

Тој смета дека темите поврзани со идентитетот и јазикот не припаѓаат во ваков извештај за напредокот на една земја кандидат за членство во ЕУ, бидејќи според него тие водат кон неединство и отвораат „Пандорина кутија“.

„Тоа во конкретниов случај се потврдува со постојаните изјави на владините функционери во Скопје, а особено на премиерот Мицкоски со неговите манипулации за ‘многувековниот идентитет и јазик’. Неприкриената цел на властите во Скопје беше, во пресрет на локалните избори, да прикажат некаков неверојатен триумф над ‘источниот сосед’ и со тоа да објаснат зошто би направиле некои козметички измени во својот устав и делумно би ги вклучиле Бугарите во него“, додаде Ковачев.

Тој предупреди дека и покрај „невидениот притисок и лобирање“, Европскиот парламент не треба да дозволи ваков преседан во своите документи. Наместо тоа, според него, Република Северна Македонија треба да го почитува Договорот за добрососедство со Бугарија и да ја деблокира работата на заедничката историска комисија.

„Тоа е местото каде што треба да се дискутираат темите од нашата заедничка историја, како што е предвидено во договорот“, заклучи Ковачев.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени