14 април 2025
• од Вардарски
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, упати силна и емотивна порака која ја отслика вистинската суштина на гестовите што ги направија институциите и граѓаните на неговата земја:
„Сè што направивме, го направивме од срце, без никаква можна потрага по каква било потенцијална политичка дивиденда,“ изјави Георгиев, подвлекувајќи дека оваа акција не била мотивирана од политика, туку од длабоко човечко чувство.
Тој истакна дека Бугарија постапила совесно, исправно и цивилизирано – не само затоа што сме соседи, не само затоа што народите ни се блиски, туку затоа што таму имало луѓе на кои им требала помош, а „не можевме безгрижно да ги поминеме без внимание.“
Министерот посочи дека токму таа човечка потреба за помош била водечка сила зад реакцијата на бугарските лекари, спасувачи и обични граѓани, кои со големо срце застанале во редици да донираат крв – спонтано, без повик, без потреба од пофалби.
„Сите ја видоа реакцијата на бугарскиот народ. Зборувам за тоа како целина. Не само како институции, туку и како луѓе,“ потенцираше Георгиев, нагласувајќи дека дури и приватни компании се вклучиле, како што е примерот со мобилен оператор кој донирал бесплатни телефони и СИМ-картички за семејствата на повредените.
„Лично, како Бугарин, ова ме прави да се чувствувам многу добро, многу горд на реакцијата на мојот народ и мојата држава,“ изјави Георгиев со емоции, јасно ставајќи до знаење дека најголемата вредност не се политичките поени, туку човечноста што се покажува кога е најпотребна.
Оваа изјава и постапките што ја следеа потврдуваат: солидарноста не познава граници, а вистинските пријатели се препознаваат тогаш кога најмногу боли.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

