14 април 2025
• од Вардарски
Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав како дел од државотворните народи не е единствениот услов за напредок на земјата кон Европската Унија. Ова го изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев, нагласувајќи дека целиот процес на европска интеграција бара доследно исполнување на европскиот консензус.
„Не смее да се создаде слика дека со едноставното усвојување на уставните измени, патот кон ЕУ е автоматски отворен. Тоа е само една фаза. Се надевам дека никој нема да каже: ‘Ете, го направивте тоа, сега е готово’. Напротив, тоа е почеток на сериозен процес,“ рече Георгиев.
Министерот потенцира дека не станува збор за билатерален спор, туку за поширок европски механизам кој вклучува повеќе елементи:
– Спроведување на протоколите,
– Патна карта за правата на заедниците и малцинствата,
– Респектирање на договорите за добрососедство.
„Овие услови не ги поставува само Бугарија – тоа е став на целата Европска Унија. Зад ова стои Брисел, зад ова стои заедничкиот европски консензус“, истакна Георгиев.
Според него, доколку не се исполнат сите обврски, нема да биде можно да се отворат преговорите за првиот кластер, кој се однесува на човековите права.
„Промената на Уставот, доколку се случи, ќе го отвори патот за формален почеток на преговорите. Но, вистинската работа почнува тука – со пристапување врз основа на заслуги. Како што тоа го направија Романија, Бугарија и сите останати држави што станаа членки“, заклучи Георгиев.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

