02 мај 2025
• од Вардарски
Бугарскиот министер за транспорт и вицепремиер жестоко одговори на македонските критики за Коридор 8, нарекувајќи ги „бајки за добра ноќ“. Во интервју за бугарската јавна телевизија, тој изјави дека Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ неосновано тврди дека Бугарија ништо не прави околу овој стратешки проект.
„Ние веќе го испративме договорот, каде е Николоски да го потпише?“, праша министерот. Тој додаде дека додека Николоски ги давал тие изјави, бугарскиот воз веќе поминал низ Перник, Радомир и стигнал до последната станица во Ѓуешево, каде што го чека македонскиот дел.
Министерот потсети дека Бугарија проектира 90% сосема нова железничка линија меѓу Радомир и Ѓуешево, со проширени свиоци за да се овозможи брзина од 160 километри на час. „Во 2032 година, кога ќе достигнеме вакви брзини, сакам да прашам: од другата страна ќе има ли тунел или нема да има?“, рече тој, алудирајќи на тоа дали Северна Македонија ќе ја заврши својата делница.
Коридор 8 е еден од најважните инфраструктурни проекти за поврзување на Бугарија, Северна Македонија и Албанија, но досега се соочува со чести политички препукувања и одлагања од сите страни.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

