19 март 2025
• од Вардарски
Бугарскиот пратеник од партијата „Преродба“, Цончо Ганев, изјави:
„Ние, Бугарите, никогаш нема да ја прежалиме Македонија, најмалку затоа што нашите дедовци ги дале своите животи за нашите браќа во оваа измачена земја.
Во најновата наша историја поминуваме низ многу превратности во односите, се кажаа многу остри зборови, но тоа не го менува фактот дека луѓето во Македонија се наши браќа. Ниту повеќе, ниту помалку. Браќа.
Несреќата и драгоцените жртви, загинати во оваа огромна трагедија од последните денови, повторно предизвикаа бран на сочувство во сегашните граници на Татковината. Денес и во Бугарија е прогласен ден на жалост во чест на загинатите.
Како илјадници други Бугари, и јас отидов да дадам крв, затоа што лекарите се борат за животот на повредените, а постојано има потреба од трансфузија на крв.
Во 12:00 часот бев во „Пирогов“ за да дадам крв, но имаше многу луѓе и ме насочиja кон Воено-медицинската академија. Таму рекоа дека не можат да примат повеќе дарители и ме пренасочија кон Националниот центар за трансфузиона хематологија.
Таму бевме најмалку стотина луѓе, и сите трпеливо го чекавме својот ред за да дадеме крв за нашите повредени браќа од Македонија.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

