02 април 2025
• од Вардарски
Бугарскиот пратеник Манол Пејков на својот Фејсбук профил објави детали за распределбата на средствата собрани за жртвите и настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Како што посочи, по внимателни консултации со Кризниот штаб во Кочани, одлучено е финансиска помош во износ од по 1.500 евра да биде префрлена на 18 семејства кои најтешко се погодени од трагедијата.
Пејков во својата објава наведува дека, поради чувствителноста на ситуацијата, нема да бидат објавени имињата на семејствата, но откри неколку потресни случаи кои се наоѓаат на списокот. Меѓу нив се:
Средствата веќе се префрлени на 15 од предвидените 18 семејства, додека останатите три сè уште немаат активни банкарски сметки за меѓународни трансакции. Пејков увери дека е во постојан контакт со Кризниот штаб и дека донациите ќе бидат префрлени веднаш штом се отворат сметките.
Дополнително, од собраните средства е оставена резерва од околу 13.000 евра, наменета за поддршка на жртвите на кои им е потребен подолгорочен медицински третман.
Според објавените податоци, досега се собрани:
Досега се префрлени 22.500 евра (на 15 семејства), со дополнителни 4.500 евра резервирани за останатите три, а преостануваат 12.952 евра за идни потреби.
Секој кој сака да се приклучи на кампањата и да помогне на настраданите семејства, може да донира преку следните податоци:
Фондација: „Манол Пејков и пријателите“
Комерцијална банка Д АД
IBAN: BG09DEMI92405000310141
PayPal: manolpeykov@yahoo.com
Цел на уплата: За повредените во Кочани и нивните семејства
Пратеникот Пејков изрази голема благодарност до сите што учествувале во акцијата:
„Ви благодарам од сè срце!“, заврши тој.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

