12 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Настапот на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика лавина реакции — не поради нејзините песни, туку поради знамето што го развеа на сцената. Пејачката, облечена во впечатлив зелен фустан, го подигна бугарското знаме, што веднаш предизвика бурни реакции на социјалните мрежи и во медиумите.
Меѓу првите што реагираа беше бугарскиот пратеник во Европскиот парламент, Стојан Таслаков. Тој на својот профил на Фејсбук објави фотографија од Цеца со бугарското знаме и напиша:
„Цеца во Велес им покажа на браќата Македонци кое знаме треба да го развеат.“
Подоцна, Таслаков објави и подолг коментар во кој саркастично ја анализираше реакцијата во Македонија на гестот на пејачката:
„Цеца во Велес – драма, трагедија, национален потрес! Пејачката го извади бугарското знаме и одеднаш – колективен срив на самодовербата. Честно кажано, проблемот не е во Цеца, туку во комплексите. Кога не си сигурен кој си, секоја туѓа сенка ти изгледа како закана. Уверените народи не се плашат од симболи – само несигурните го прават тоа.“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

