16 март 2025
• од Вардарски
Министерството за одбрана на Република Бугарија изрази сочувство кон семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотека во Кочани и понуди помош за лекување на повредените.
Во целосна готовност се клиничните бази во Софија, Варна и Пловдив, вклучувајќи ги клиниките за изгореници во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“, Воено-медицинската болница во Варна и „Св. Георги“ во Пловдив.
Дополнително, бугарските военовоздухопловни сили се подготвени да обезбедат медицински транспорт за повредените, доколку е потребно итно префрлање во Бугарија. Овој гест на поддршка ја нагласува солидарноста и хуманоста во тешките моменти за Северна Македонија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

