04 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот портал буревестник.бг тврди дека во Северна Македонија и околните земји се одвива процес на систематско „претопување“ на македонското население од страна на Бугарија, преку државни политики и издавање на државјанства.
Според организациите на Бугарите во странство, многумина во РСМ не смеат јавно да признаат дека имаат бугарско потекло поради страв од притисоци. Истовремено, премиерот Христјан Мицкоски постојано ја отвора темата за Бугарите во Македонија, што, според порталот, создава атмосфера на омраза со која владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ политички профитира.
Официјалните податоци од Албанија покажуваат дека 7.057 лица се изјасниле како Бугари, а само 2.281 како Македонци. Ова предизвикало нова криза за македонската дипломатија, со обвинувања кон Софија за асимилација. Со фактот дека над 200.000 македонски граѓани поседуваат бугарски документи, порталот тврди дека „претопувањето“ се одвива од два фронта — од запад преку Албанија и од исток преку Бугарија.
Авторот наведува дека дел од македонските етнички партии во Албанија добиваат поддршка од Скопје и Белград, но не биле задоволни од резултатите. Меѓу најгласните противници на Бугарија биле Васил Стерјовски и Ефтим Митревски, но излегло дека првиот има српско државјанство, а вториот бугарско потекло, па неговото семејство добило бугарско државјанство.
Исто така, во написот се спомнуваат скандали со македонски безбедносни структури, вклучувајќи го директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, кој, според Буревестник, користел фалсификуван сертификат за англиски јазик издаден во Пловдив.
Во текстот се потсетува и на изјавата на Мицкоски дека Македонците со бугарски пасоши ќе ги вратат документите кога државата ќе стане членка на ЕУ. Авторот иронизира дека тоа е неизвесно, а и дека во услови на „пробив“ во институциите тешко може да се знае кој е Македонец, а кој Бугарин.
Порталот завршува со повик до Советот за државјанство на Бугарија да престане со масовни одбивања за издавање документи на Бугари од дијаспората. Според нив, доколку Албанските Бугари отворено го изјавиле својот идентитет при пописот, тие треба да добијат документи — што би ги охрабрило и луѓето во РСМ да се самоопределуваат без страв.
Авторите најавуваат дека во наредните денови ќе објават имиња на функционери во РСМ кои поседуваат бугарски документи, како и детали за шема на финансирање на ВМРО-ДПМНЕ преку фирми во Бугарија.
Извор: буревестник.бг
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

