04 април 2025
• од Вардарски
Според сведоци од местото на настанот, автомобилот изгубил контрола на свиок и со голема брзина се стркалал во реката. Во возилото имало неколку ли
Попладневна драма се одвиваше во тетовското село Челопек, кога автомобил со неколку патници излета од коловозот и заврши директно во реката Вардар. Несреќата се случила на свиок во близина на селото, каде според очевидци, возилото изгубило контрола и со голема брзина паднало во водата.
Локалното население, сведоци на немилиот настан, веднаш ги повикале службите за итна интервенција. Спасувачките екипи и Брзата помош пристигнале за многу кратко време и успеале да ги извлечат сите лица од возилото.
Првичните информации се охрабрувачки – сите патници се живи и се здобиле само со полесни телесни повреди. Тие се хоспитализирани во Клиничката болница во Тетово каде добиваат понатамошна медицинска грижа.
Полицијата е на терен и работи на целосно расчистување на причините за несреќата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

