02 февруари 2025
• од Гоце Кически
Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Општата болница во Струга, потврди СВР Охрид.
Според официјалните информации, случајот бил пријавен во полицијата во 9:50 часот од страна на медицинскиот персонал на болницата. Според изјавата на портпаролот Стефан Димоски, детето било донесено на Детското одделение во болницата, во тешка здравствена состојба и по извесно време, и покрај неколкуте обиди за медицинска помош, детето починало.
„И покрај итно укажаната медицинска помош, детето не успеало да се спаси и починало“, изјави Димоски.
Полицијата, во соработка со јавниот обвинител, презема мерки за целосно расветлување на околностите околу смртта на детето. Засега се чекаат дополнителни информации кои ќе ги разјаснат причините за трагичниот настан.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

