15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Четири лица се повредени во пожарот кој вчера избувна во објект за рециклирање на електронски отпад во скопската населба Трубарево. Веста денеска ја соопшти владината портпаролка Марија Митева на заедничка прес-конференција со вицепремиерот Изет Меџити и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Требаше на оваа прес-конференција да биде присутен и министерот за здравство, но тој е во посета на четворицата повредени од вчерашниот пожар. Изјава ќе даде во 13 часот од Клиниката за токсикологија“, изјави Митева.
Според информациите, две од повредените лица се хоспитализирани, додека другите две добиле амбулантна медицинска помош. Првичните наоди укажуваат дека повредите се предизвикани најверојатно од вдишување чад.
Повеќе детали за здравствената состојба на повредените ќе бидат соопштени на прес-конференцијата на министерот за здравство Азир Алиу, закажана за денеска во 13 часот.
Чупеска: Владата се крие зад „хибридни напади“ наместо да решава проблеми
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден