06 ноември 2026
• од Елена Иванова
Четворица жители на Куманово се приведени, а петтиот осомничен е недостапен за полицијата, во акција против група за која истражителите се сомневаат дека вршела изнуда и перење пари. Кривична пријава е поднесена против пет лица.
Акцијата била спроведена на 5 ноември под раководство на јавен обвинител, а полицијата извршила претреси на шест локации во Куманово. Запленети се пари, возила, мобилни телефони, електронски уреди и документи, меѓу кои договори за заеми со, според полицијата, нереално високи камати.
Според досегашните сознанија, групата наводно дејствувала од 2021 година. Во еден случај, осомничените наводно барале од оштетено лице да ја користи својата банкарска сметка за фиктивни уплати и повлекувања. Потоа, со закани, барале негово возило да послужи како залог за наводни долгови.
Полицијата се сомнева и дека биле изготвени фиктивни договори за продажба на возило и заем од еден милион денари, врз основа на кои била променета сопственоста на возилото и била поведена постапка за извршување. Во друг случај, осомничените наводно барале дополнителна камата иако позајмените пари биле вратени. Случаите ги истражуваат надлежните институции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

