06 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
ДУИ обвини дека годинава на Воената академија не е примен ниту еден кадет Албанец. Според партијата, ова е првпат од основањето на академијата во 1995 година да нема примени албански кадети.
Од ДУИ велат дека случајот отвора прашања за застапеноста на Албанците во државните институции и за улогата на коалицијата ВЛЕН. Партијата ја повика владата да ги почитува принципите на еднаквост и правична застапеност.
ДУИ оцени дека ваквите случаи можат да ја нарушат довербата меѓу политичките партнери и да ја доведат во прашање примената на Охридскиот рамковен договор. Од партијата побараа ВЛЕН да објасни што се случило со ветувањата за застапеност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

