19 февруари 2025
• од Вардарски
Редовни консултации со бизнис заедницата се клучни за размена на меѓусебни мислења, а со цел успешност на активностите што ги спроведува Царинската управа, како и постигнување на подобри резултати, истакна директорот Николовски на денешниот состанок со членовите на Советодавното тело.
По реактивирање на Советодавното тело, во кое покрај Царинската управа членуваат Стопанските комори, асоцијациите и здруженијата денес се одржа вториот состанок на кој присутните го усвоија новиот Деловник за работа, кој е во насока на унапредување на меѓусебната координација и системски пристап кон прашањата од заеднички интерес поврзани со царинските процедури.
На претставниците на деловната заедница им беа презентирани и клучните активности од донесената Стратегија за развој на Царинската управа и Акциониот план за 2025 – 2027 година преку бројните проекти во рамки на стратешките приоритети, со кои се поддржуваат реформските процеси во насока на олеснување на трговијата и управувањето со граничните премини.
За време на состанокот од членките на Советодавното тело беше поздравена успешната имплементација и ставање во функција на новиот транзитен систем НКТС фаза 5, кој е целосно усогласен со функционалностите според новите законски барања од Конвенцијата за заедничка транзитна постапка.
Директорот Николовски ја поздрави успешната и конструктивна дискусија, на која од сите членки на Советодавното тело беше заклучено дека продолжува соработката на оперативно ниво за сите отворени прашања од економските оператори поврзани со царинското работење.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

