01 мај 2025
• од Вардарски
Од раните утрински часови денес, цел Гостивар е без водоснабдување поради сериозен дефект на главната водоводна цевка. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека дефектот се случил уште вчера, а службите веднаш биле алармирани.
Екипите на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Гостивар веќе работат на терен за санирање на проблемот. Граѓаните преку социјалните мрежи биле навремено известени дека прекинот на водоснабдувањето ќе трае сè додека не се отстрани дефектот.
Надлежните апелираат на разбирање и трпение од граѓаните, уверувајќи дека се прават сите напори водоснабдувањето да се нормализира во најкус можен рок.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

