25 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Утрово на регионалниот пат Гевгелија – Богданци се случи тешка сообраќајна несреќа. Цистерна која превезувала нафта излетала од коловозот и се превртила, по што дошло до истекување и запалување на товарот.
Инцидентот предизвика густ црн чад, но благодарение на брзата реакција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гевгелија, огнот бил локализиран и изгаснат со специјална пена.
„ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силен црн чад. Во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, но опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум,“ изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Во тек се активности за целосно санирање на последиците од несреќата и спречување на дополнителни ризици.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

