27 април 2025
• од Вардарски
Во изјава што предизвика внимание во јавноста, Георги Црномаров од Битола истакна дека македонската нација и македонскиот јазик како посебни идентитети се создадени по завршувањето на Втората светска војна, односно по 1945 година.
„Никој не им брани дека после 1945 година е создадена нова нација македонска или нов јазик македонски. Тоа е факт“, вели Црномаров, додавајќи дека пред овој период, луѓето што живееле на територијата на Македонија се декларирале како Македонци само според географската одредница, но не и според националноста.
„Значи, претходно некои се декларирале како Македонци, да, ама по територија. Никој не се декларирал како Македонец пред 1944-1945 година како посебна нација. Сите тие биле по националност Бугари, а по место на живеење — Македонци“, додаде тој.
Изјавата на Црномаров ги отвори повторно прашањата за историското толкување на идентитетот на македонскиот народ и неговиот развој низ времето. Историографијата и различните национални наративи често имаат различни ставови за овој период, а ваквите коментари обично предизвикуваат живи дебати, особено во контекст на односите меѓу Македонија и Бугарија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

