21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Познатиот македонски кардиолог, д-р Сашко Кедев, упати сериозни обвинувања на сметка на дел од приватните здравствени институции во земјата. Според него, во одредени случаи се изведуваат операции кои воопшто не се неопходни, со што на здрави пациенти им се отвора граден кош само заради профит.
Во гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, д-р Кедев изјави дека најголем дел од неговата консултативна работа е токму во одвраќање на пациенти од непотребни интервенции.
„Имаме сериозен проблем со пролиферација на приватни институции чиј главен интерес е профит. Постојат снимени докази и случаи каде што се вршени интервенции без медицинска потреба. Во Англија или Америка вакви центри би биле веднаш затворени“, нагласи Кедев.
Тој посочи дека имало ситуации каде пациенти биле испратени на операции иако не постоела индикација ниту за поставување стенд, а не пак за отворање на граден кош.
Кардиологот ги повика Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да ги испитаат овие случаи и да преземат мерки.
„Проблемот не е само финансиски, туку етички. Профит во медицината не смее да постои. Пари и профит може да има кај здрави луѓе, но не и кај болни. Тие институции кои добиваат дозвола за работа мора да бидат под надзор и мора да се знае што се прави во нив“, изјави тој.
Кедев истакна дека неговите тврдења не се само негово лично искуство, туку и на група од десетина доктори кои секојдневно се соочуваат со истиот проблем.
„На дневна основа доаѓаат пациенти со наоди од приватни болници каде се предложени операции кои не се медицински оправдани. Тоа е алармантно и бара итна реакција“, додаде Кедев.
Владата ќе троши 383.000 евра за кампања за придобивките од членството во ЕУ
Руте: Мора да обезбедиме Путин никогаш повеќе да не се обиде да ја нападне Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден